Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК)

Во согласност со член 52 од Законот за класифицирани информации, на барање на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Агенцијата за национална безбедност ги врши оперативните проверки за постоење на безбедносни пречки за пристап и ракување со класифицирани информации за сите физички и правни лица во државата, освен за лицата вработени во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Северна Македонија.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Агенцијата за национална безбедност одржуваат високо ниво на соработка особено во делот на вршењето безбедносни проверки и се во директна меѓусебна комуникација чијашто цел е заштита на класифицираните информации и воспоставување висок степен на безбедност во државата воопшто.