Инспекција од НАТО

Скопје, 27-30 април 2009 година

 

Како дел од редовните инспекции на Канцеларијата за безбедност на НАТО врз работата на ДБКИ, во периодот од 27 до 30 април 2009 година, во посета на Република Македонија престојуваше г-дин Роберт Кајл, претставник на НАТО Канцеларијата за безбедност (НОС), како дел од МАП тимот од НАТО кој вршеше оценка на подготовките на Република Македонија за членство во НАТО. Инспекцијата заврши со високи оценки за постигнатиот напредок на Дирекцијата.

Семинар

Охрид, април 2009 година

 

Во април 2009 година, во организација на Управата за безбедност и разузнавање при Министерството за внатрешни работи во Охрид се одржа семинар за обука на претставниците на службите за вршење оперативни безбедносни проверки. По барање на организаторот на тема „Оперативни проверки и издавање безбедносни сертификати“, предавање одржа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Средба со делегација од Црна Гора

Скопје, април 2009 година

 

На покана на Директорот на ДБКИ во април 2009 година беше реализирана средба и разговори на петочлена делегација на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора. На гостите им беа пренесени знаењата и искуствата од досегашната работа на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Воедно, со воспоставените контакти од највисоко, директорско ниво до ниво на експерти се отворија можности за поблиска соработка меѓу двете дирекции.

Посета на претставник од САД

Скопје, март 2009 година

 

По иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) за отпочнување преговори за потпишување билатерална спогодба за размена и заштита на класифицирани информации меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, во март 2009 година, во дводневна официјална посета на Дирекцијата беше г-дин Питер Батен, директор на Одделот за меѓународни безбедносни програми во Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД за политика.

Обука

Брисел, март 2009 година

 

Во март 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

Брифинг во Основен суд - Гостивар

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, како дел од редовните обврски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши брифирање на вработените во Основниот суд Гостивар.

Контрола во Фондот за осигурување на депозити

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Фондот за осигурување на депозити, како и кратка обука на лицата што работат со класифицирани информации.

Работна посета

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата беа во работна посета на Советот на Европската унија во Брисел, на покана на Канцеларијата за безбедност на Советот.

Обука

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при Европската заедница во Брисел.

Контрола и обука во Финансиска полиција

Скопје, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, Дирекцијата изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Финансиската полиција, како и обука на вработените за работа со класифицирани информации.

Syndicate content