Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)
Копенхаген, 13-15 септември 2022 година
Во периодот од 13 до 15 септември 2022 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 36-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Копенхаген, Кралството Данска. На пленумот на конференцијата беа донесени значајни одлуки за понатамошно функционирање на форумот и беше констатиран остварениот напредок во работата. Пленумот усвои нов сет на правила и процедури, постигна договор за земјите-домаќини во наредните неколку години и за членовите на извршниот комитет, обезбеди насоки и поддршка за сите формирани ad hoc работни групи на MISWG и договори чекори за статусот на земјите кандидати спонзорирани за учество во MISWG пред одржувањето на пленумот.
Работна посета на директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“,ген.мај.Бар Сегуин на Дирекцијата
Скопје, 31 август 2022 година
На покана на директорот на Дирекцијата, д-р Стојан Славески, во работна посета на Дирекцијата беше директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, ген.мај. во пензија Бар Сегуин.
За време на посетата двајцата соговорници ја разгледаа досегашната соработка помеѓу Маршаловиот центар за безбедносни студии и Дирекцијата, разменија мислења за натамошно инвестирање на знаењата на алумнистите од Дирекцијата во институционални и национални рамки и разговараа за начините на идна соработка помеѓу двете институции.
Регионална онлајн работилница
Скопје, 28 април 2022 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во соработка и со поддршка на Регионалниот совет за соработка, на ден 28. 04.2022 година организираше регионална онлајн работилница со наслов: „Рефлективна работилница за точките на пресек помеѓу безбедносната свест и безбедносните аспекти на класифицирани информации„. Еминентни експерти од Европската комисија и Европската служба за надворешно десјтвување на Европската унија како и од Канцеларијата за безбедност на НАТО се осврнаа на концептот на безбедносната свест во контекст на заштита на класифицирани информации и презентираа механизми за подигање на бебедносната свест во ЕУ и НАТО соодветно. Свои презентации одржаа и претставници од Дирекцијата и од националните безбедносни авторитети од регионот на Југоисточна Европа a беа разменети и искуства помеѓу учесниците од регионот за овој важен сегмент од безбедноста на класифицирани информации.
Охридски безбедносен форум
Охрид, 26-29 август 2022 година
Во периодот помеѓу 26 и 29 август 2022 година, се одржа јубилејниот 10-ти по ред Охридски безбедносен форум на којшто учествуваа и претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“и Одделот за јавна дипломатија на НАТО.
Целта на Форумот беше размена на искуства, добри практики и гледишта за глобалните и регионални безбедносни предизвици со коишто се соочува регионот на ЈИЕ како и изнаоѓање модели на соработка помеѓу алумнистите од регионот со коишто активно ќе се дејствува против транснационалните, терористички, асиметрични, државно-спонзорирани и информациски закани.
Работна посета на Босна и Херцеговина
Сараево, 12-13 април 2022 година
За време на престојот во Сараево беше остварена средба и со раководителот на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (RCC), со кого беше извршена координација во однос на организацијата на годишната SEENSA конференција што ќе се одржи во септември 2022 година во Скопје, во рамки на овогодинешното претседаваштво на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со иницијативата SEENSA.
Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2022 година
Договор со Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации
Скопје, 21 декември 2021 година На 21 декември 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во име на Владата на Соединетите Американски Држави, Договорот го потпиша амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз. Со овој договор се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.
Посета на Република Словенија
Љубљана, 27 октомври 2021 година
За време на престојот во Љубљана беше реализирана посета и на Центарот за европски перспективи на Република Словенија. На средбата со извршниот директор на Центарот, г-ѓа Катја Гершак, беше разговарано за важноста на активностите насочени кон справувањето со ширењето дезинформации од надвор.
Интерен оглас 01/2021
Скопје, 23 јули 2021 година
Дирекција за безбедност на класифицирани информации - Оглас 01/2021
Коментар на Законот за класифицирани информации
Скопје, 07 јули 2021 година
Организирана во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија 2021-2026 година“ на ДЦАФ, конференцијата имаше за цел да го промовира Коментарот на Законот за класифицирани информации и да ги претстави новитетите во регулативата за заштита на класифицирани информации. Воедно, беа разменети мислења за потребата од подигање на безбедносната свест кај корисниците на класифицирани информации и беше промовиран Е-туториалот за класифицирани информации за реализација на таа цел. ![]() |