Состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S

Блед, 12 септември 2018 година

 

На 12 септември 2018 година во Блед, Република Словенија, се одржа Шестиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S), како консекутивна (back-to-back) активност со Осмата SEENSA конференција. Состанокот беше поддржан од Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC) како резултат на неговата јасна определба за поддршка на сите форми на регионална соработка што не се контрадикторни на SEENSA форматот на соработка.
Согласно востановената пракса, целта на состанокот беше споделување искуства од тековните процеси и активности на полето на класифицираните информации што се одвиваат во земјите од регионот и коишто можат да прераснат во настани со билатерален и регионален карактер. Во тој контекст, учесниците во дискусиите идентификуваа иницијативи и проекти коишто ќе придонесат за зајакнување на регионалната соработка и ќе дадат нов импулс во спроведувањето на безбедносната политика за размена и заемна заштита на класифицираните информации во регионот.